Најстудено во Маврови Анови – најмногу снег на Попова Шапка

Најниска температура во државава изутрина во седум часот е измерена во Маврови Анови, – 13 степени, по што следуваат Попова Шапка со – 10, Крушево -8, Битола и Претор – 7, Берово и Охрид – 6, Прилеп и Тетово – 5, Крива Паланка и Струмица – 2, …информира Управата за хидрометеоролошки работи.

На Попова Шапка има 42 сантиметри снег, во Крушево и Маврови Анови 37, Ѓуриште 24, Битола 16…

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.