На Табановце се чека до 20 минути за излез од државата

147

На граничниот премин Табановце поради зголемена фреквенција на возила се чека од 15 до 20 минути за излез од државата.

На останатите гранични премини, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања од македонска страна за влез и излез од државата.

Од АМСм информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.