На „Табановце“ се чека околу 45 минути, а на „Богородица“ нема задржувања

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на Граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.