На Табановце се чека по околу 30 минути за влез и излез

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце се чека по околу 30 минути за влез и излез од државата, информира АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.