На Табановце уапсен албански државјанин со фалсификуван пасош

Доцна синоќа, некаде околу 23 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен Р.А.(58) од Р Албанија, кој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со албански национални ознаки. При пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа било извршено менување и бришење на информации. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.