На „Табановце“ уапсен косовски државјанин покажал патна исправа на која не се совпаѓале фотографијата и неговото лице

На 09.10.2021 во 18.45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, од страна на полициски службеници бил приведен С.Р.(42) од Косово.

При извршена пасошка контрола тој покажал патна исправа на С.К.(36) од Скопје, при што било констатирано дека фотографијата од исправата не се совпаѓа со лицето, односно тој се послужил со туѓа патна исправа.

При извршен претрес и преглед на багажот била пронајдена неговата оригинална косовска лична карта, со неговиот вистински идентитет.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово, а од страна на Основен суд Куманово била изречена глоба и санкција за протерување од земјата.