На Табановце за излез се чека половина час

На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ.

Поради изведување градежни работи на пат (минирање) задутре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 до14:30 часот во времетраење од 15 – 20 минути

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.