На Табановце за влез во државата се чека околу 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за влез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од вчера до 22.07.2023 година во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.