На територија на цела држава казнети 124 пијани возачи

Во текот на вчерашната вечер (15./16.01.2022) во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 124 возачи. Од нив 38 на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Охрид, 13 на територија на СВР Битола…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.