На територија на СВР Штип казнети 32 возачи за брзо возење

На територијата на СВР Штип, во текот на вчерашниот ден, санционирани се 32 возачи во спроведена зајакна акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

Како што соопшти МВР, од самкционираните, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 16 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 16 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.