Најтешкиот ден во Црна Гора од почетокот на епидемијата

Осум лица починале а уште 296 се заразени со новиот коронавурус во вторникот, соопштија црногорските здравствени власти.

За малку повеќе од три месеца, од средината на јуни кога започна вториот бран на епидемијата во Црна Гора, од последиците на заразата на коронаврусот починале 137 лица, а зраени се речиси 9.000 луѓе.

Во првиот бран, од средината на мар до почетокот на мај кога владата на претседателот Мило Ѓукановиќ изненадувачки објави дека Црна Гора ја победила епидемијата, земјата пријави само девет смртни исходи и 324 случаи на заразара.

Во моментов во Црна Гора има активни 3.448 случаи, штое е 547 на 100.000 жители, што е убедливо најмногу во регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.