Најтопло во Гевгелија и Дојран, најмногу врнежи во Скопје – Петровец

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје – Петровец, шест литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка и Берово, еден литар на единица површина. Во Виница, пак, се измерени четири литри на метар квадратен. Но, како што информира УХМР, овие вредности за количините врнежи се од дождомерните места. Поради локалноста на процесите, водниот талог многу варира и во различни делови количината може да е многу поголема од измерената.

Според УХМР; утрово до 08:30 часот е најтопло во Гевгелија и Дојран, 21 степен, а најсвежо во Берово, 10 степени. Дванаесет степени се измерени во Лазарополе, 13 во Крива Паланка и Маврови Анови, 14 во Битола, 15 во Тетово, Струмица, 16 во Скопје-Петровец, Охрид и Попова Шапка, 17 во Прилеп, Штип, Виница, Крушево, Куманово, Дебар и Велес, како и 18 сатепени во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Демир Капија и Кавадарци.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 38 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.