На традиционалната смотра избран најдобро зачуваниот „трабант“

Љубителите на „трабантите“ се собраа во саботата во селото Куилов на крајниот североисток на Германија на својот годишен собир на кој се слави овој автомобил, кој е воедно и симболот на некогашната комунистичка Источна Германија, пренесе германската новинска агенција DPA.

Околу 70 автомобили од марката „трабант“ од соседните сојузни покраина дошле во селото близу Блатичкиот брег каде учесниците на собирот можеа да го изберат најдобро зачуваниот примерок на возилото.

„Интересот на крајот од првата седмица во март не беше толкав веќе подолго време“, изјавил Јенс Руеберг од здружените на љубителите на „трабантите“, кои последните две години не можеа да се сретнат поради пандемијата на коронавирусот.

Клубот е добро познат во источниот дел на Германија поради својот меѓународен собир кој го организира на аеродромот Анклам, кој оваа година ќе се одржи кон крајот на мај.

Жирито наградата за надобро зачуваниот „трабант“ му ја доделило на 42-годишниот Алекс Барлах од Волашт, малку посеверно од Куилов. Неговиот автомобил е од 1987 година и е две години постар од својот сопственик, а прогласен е и за најдобро одржуван и за технички најдобар,

Собирот на обожавателите на „трабантите“ се одржува на крајот од првата седмица во март од 1995 година. Возилата, познати по своите трескави двотактни мотори и чадот од ауспухот, престанаа да се произведуваат од 1991 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.