На Tрамп не би му пречело долго судење во Сенатот

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече во петокот процесот за отпповикувње измама и рече дека нема да протестира ниту ќе му пречи долгото судење во американскиот Сенат и додде дека сака да го води „свиркачот“ поради чии наводи демократите го покренаа импичментот.

Обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа откако Комитетот за правосудство при Претставничкиот дом одобри две обвиненија против него, Трамп го осуди процесот и го нарече „срамотен“ и рече дека демократите го тривијализираат отповикувањето.

„Тоа е многу тажна работа за нашата земја, но се чиони дека политички ќе биде многи добра за мене. Отповикувањето е измама. Тоа е срамот“, изјави Трам истакнувајќи дека му пораснала популарноста.

Комитетот на Претставничкиот дом во кој демократите имаат мнозинство ги одобри во петокот обвинувањата за залоупотреба на овластувањата и попречување на истагаа против претседателот Доналд Трамп, па тој речиси сигурно ќе стане третиот претседател во историјата против кој ќе се спроведе процесот за отповикување.

Комитетот за правосудство со 23 гласа „за“ и 17 „против“ ја освои точката од обвинението против Трамп за злоупотреба на овластувањата, за наводен притисок врз Уканра да спреведе истрага против Џо Бајден, негов можен прпотивкандидат на претедателските избори, за улогата на поранешниот потпретседтел во прекунувањето на украинската истрага за коруцпија во енергетска команија во чиј извршен одбор бил именуван неговиот син Дагласа Хантер.

Комитетот го одобри и второто обвинување за попречување на истрагата на Конгресот, и аферата дека поранешни и сегашни членови на админситрацијата ги упатувал да не соработуваат во истрагата.

Целиот состав на Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, би требало обвиненијата да ги одобри следната седмица, со што ќе се заврши истрагата за отпповикувањето на Трамп и претседателот следните седмици ќе биде упатен на судење пред Сенатот.

Трамп рече дека е отворен за краток но и за долг процес во сенатот кој би требало да го започне судењето во јануари.

„Ќе правам она што сакам. Ќе го правам тоа долго или кусо. Не би ми пречек долг процес бидејќи би сакал да го видам информаторот, кој е измамник. Мене ми одговатаат и кус и долг процес“, рече Трамп.

Според Трамп, приказаната со информаторот всушност се распаднала откако Белата куќа го обајви транскриптот од неговиот телефонски разговор од јули со штотуку избраниот украински претседател Владимир Зеленски.

„Имаме среќа што го имаме овоој транскритп, чијашто веродостојност, патем, сега ја потврди и потполковникот. Потполковник. Уште еден убав човек“, изјави американскиот челник.

Трамп алудираше на соработникот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, потполковникот на американски Комнени војск, Александер Виндман, роден во Украина, кој беше еден од оние кои во ноември сведочеа пред специјалниот Комитет за разузнавачки служби на Претставничкиот дом, во текот на истрагата за постапката за импичмент на претседатлот. Неговата забелешка се однесува на случајот кога Виндфман демонстративно го прекинал конгресменот Девин Нуњез, инаку републиканец од Калифорнија, кој му поставувал прашања. Сведокот побарал од конгресменот да не го именува како „г-дин Виндман“, туку во обраќањата да го користи неговиот воен чин.

„Ова е измама. Ова не треба да се дозволи. Тоа е многу лошо за нашата земја. Станува збор за банализирање на постапката за импичмент. Еден убав ден, кога на власт ќе дојде претседател деморкат, а Претставничкиот дом ќе биде под контрола на републиканците, се сомнева дека тие ќе се сетат она она што се случи“, додаде Трамп.

Демократите ја користат постапката за отповикување „единствено во обид да добијат политичка предност“, смета Трамп.

„И покрај тоа, мојата популарност, како што знаете, расте, прибирањето финансии за изборните фондови кај републиканците е феноменално, соборуваме рекорди, никој досега не видел вакво нешто. И се случува затоа што луѓето искажуваат одвратност (од изборната тактика на демократите за меѓупартиската борба)“, убеден е американскиот претседател.

 

Прашањето за помошта на Украина

„Никој не сака да зборува за уште еден апсект, а јас за него зборувам цело време: Зошто Германија, Франција и другите европски земји не платат (за помошта на Украина)? Затоа што ние плаќаме како столбови. Долги години ние бевме столбови, но сега тоа не е така. Голема разлика“, рече уште Трамп отворајќи ја темата за помош на Киев

Имено, едно од обвинувањата е воената помош за Украина запрена во периодот на неговиот разговор со Зеленски и поради што всушност и започна процесот за импичментот, со што Трамп според демократите ја загрозил националната безбедност на САД.

„За нив (европските земји) тоа е поважно отколку за нас, затоа што Украина всушност е препрека меѓу Русија и значителен дел од Европа. Зошто европските земји не плаќаат, зошто Франција не плати повеќе? Зошто секогаш плаќаат САД, ние сме оддалечени седум илјади милји?“, додаде Трамп

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.