На тренерот на Милан му е украден шампионскиот медал, моли да му биде вратен

Тренерот на новиот италијански фудбалски првак Милан, Стефано Пиоли се пожали дека во текот на славјето во неделата му е украден победничкиот медал и јавно замоли да му биде вратен.

„Во текот на прославата ми го украдоа медалот. Би бил благодарен кога јавно би порачале да ми биде вратен. Тое е единствениот медал што го имам“, изјави Пиоли за италијанскиот дневен весник La Reppublica.

Под водство на Пиоли, Милан годинава иако не беше вбројуван во фаворитите изненадувачки стаса до 19-та титула во италијанското првенство во клупската историја, а прва по 11 години.

Во неделата „Росонерите“ како гости во Реџо Емилија го совладаа Сасуаоло со 3:0, и ја задржаа предноста од два бода пред градскиот ривал и минатогодишен шамион Интер.