На учениците во Чешка им се делат ќебиња, бидејќи смрзнуваат без греење

Чешката Република и Словачка се исклучително зависни од испораките на гас од Русија. Овие две земји досега речиси сто отсто од потребите за гас покриваа од увоз од Русија.

Сепак, Европската унија сака да ја намали зависноста од рускиот гас, што значи дека сега фокусот е на прашањето, што ќе користат домаќинствата за греење во претстојната зима и Како индустријата ќе се снабдува со потребната енергија?
Моменталната состојба во Чешка е толку загрижувачка што училиштата им делат ќебиња на учениците за да се покријат за време на часовите, бидејќи нема греење.

Со доаѓањето на октомври, температурите ноќе се спуштија до 7 степени и учениците учат во ладни училници, па управата на училиштата, наместо да го вклучи парното, им дава ќебиња на учениците.
Колку е лоша состојбата може да се погоди врз основа на известувањето што го добиле чешките граѓани, за планот за висината на комуналиите за следната година. Давачките се неколкукратно повисоки од сумата што ја плаќале во претходните години.

За помал семеен дом тоа значи месечен товар од 200 до 300 евра, што е премногу за посиромашните граѓани во Словачка и во Чешка, кои не можат да си го дозволат тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.