Комичарот Владимир Зелинскиј кој води во неделата во првиот круг од украинските претседателски избори, на 21-ти април во вториот круг ќе се соочи кондиторскиот милионер и актуелен претседател Петро Порошенко, покажуваат излезните резултати.
Додека критичарите се прашуваат дали 41-годишниот Зелинскиј има воопшто капацитет да управува со земјата која е истоштена од еконмскиот пад и граѓанската војна и предупредуваат на неодреденост на неговата програма, овој нетипичен кандидат потполно ја искориси разочараноста на Украинците од отфрелањето на етаблираните политички елити, што е глобален тренд но особено силен во Украина оптоварена и со големи корупциски скандали.
Зелинскиј, чиешто политичко искуство се состои само во улогата на професор по историја кој наглео станува претседател во телевизиско шои, добил 30,4 отсто од гласовите, според излезната анкета на конзорциумот „ Exit poll national“, кој обединува три института. Комичарот далеку му побегна на претседателот во заминување Порошенко кој освоил 17,8 отсто од гласовите. Водечката според анкетите од почетокот на кампањата, харизматичната неуморна поранешна премиерка 58-годишната Јулија Тимошенко, испаѓа од претседателската трка откако освоила 14,2 отсто до гласовите, според споменатата анкета.
Тимошенко тврди дека го освоила второто место и предупредива на нечесните анкети и манипулации со изборните резултати во земјата којашто во 28 години независност доживеа две „обоени“ прозападни револуции. Полицијата извести дека примила над 1.700 пријави за изборни нерегуларност.
Сите излезни анкети во украинскиот медиуми во неделата го објавија истиот редослед на тројцата фаворити.
„Ова е првиот чекот кон убедливата победа. Ова е само почетоко, нема да се опуштиме“, рече Зеленскиј пред својот изборен штаб и грантеираше дека нема намера да преговатра со елиминираните кандидти и својата стратегија ја сублимираше во „Само победа“. Притоа во свој стил вети дека доколку стане претседател на Украина, на работа ќе оди со велосипед.
Изборната комисија треба да ги објави првите делумни резултати во текот на ноќта. Според комисијата, одѕивот изнесуваше 63,99 отсто, што е повеќе од изборите во 2014 година.