На украинските студенти во странство, поради масовни фалсификати, им е забрането да ја напуштат земјата

Младите Украинци кои студираат во странство добија забрана за напуштање на земјата во текот додека е прогласена воена состојба, соопштиле  во четвртокот од украинската погранична служба.

„Студентите, кои учат во странство, повеќе не можат да одат таму за време на воената состојба, бидејќи највисокото воено раководство на 14-ти септември ја повлекол одредбата којашто на младите студенти им овозможуваше минување на украинската граница“, изјавил портпаролот на пограничната служба Олексиј Демченко за порталот LIGA.net.

Весникот побарал појаснување по протестот организиран на украинските студенти кој се одржал во средата на еден од граничните премини.

Претходно, како што потсетил Демченко, на студентите кои студирале во странство пред 24-ти февруари им било овозможен да ја напуштаат Украина за да ги продолжат студиите.

„Пограничните служби ја исполнија оваа норма со осигурување пропусници. Меѓутоа, последните месеци започна масовно фалсификување документи, кои наводно потврдуваат дека мажите студираат во странство“, појаснил Дамченко.

Порталот Страна.ua., од своја страна, дека студентите без никакво објаснување биле враќани од границите од пладнето од 14-ти септември. Пограничните власти го забраниле минувањето на границите и на младите мажи ниту со вини „повикувајќи на некаква наредба одозгора, која никој не ја видел“, пишува порталот.

Според декретот на украинската влада, со која се регулираат прописите за минување на државните граници, машките студенти во странските образовни институции не се вклучени во листата за изземања на категориите на кои им е дозволено да ја напуштат државата, а за што мора да биде донесено со измена на декретот. Во моментов на мажите државјани на Украина на возраст меѓу 18 и 60 години, поради воената состојба во земјата, им е забрането да ја напуштаат земјата.