На Јувентус му одземаа 15 бодови поради неправилни трансфери

Pavel Nedved and Andrea Agnelli during the italian Serie A soccer match Juventus FC vs Udinese Calcio at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 7 January 2023. ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Поради откриени неправилности при трансферите на играчите, италијанскиот фудбалски суд одлучи на торинскиот великан и најтрофеен клуб во земјата Јувентус да му одземе 15 бодови во оваа сезона, соопштија во петокот од Италијанскиот фудбалски сојуз (FIGC).

До ова одлука Јувентус беше трет на табелата на Серија А со 37 бодови, десет бодови помалку од водечкиот Наполи но со многу веројатен пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Сега со 22 бодови торинската „Стара дама“ падна на 10-то место, на 20 кола пред крајот на првенството.

Казната е значително построга отколку што бараше обвинителот, а предложено беше одземање 10 бодови.

Судот, исто така, одлучи на поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели да му забрани работа во италијанскиот фудбал за период од 24 месеци.

Со 30 месеци забрана за работа е казнет и поранешниот спортски директор на Јувентус, Фабио Патричи, кој во моментов е на слична позицијата во англискиот премиерлигаш Тотенхем.

Од Јувентус негираа дека во нивното работење имало неправилност, и изјавија дека нивното сметководство работело според стандардите во фудбалскиот свет.