На вакцинираните во Австралија им ветија повеќе слобода и покрај растот на бројот коронаинфекции

Австралискиот премиер Скот Морисон вети повеќе слобода за граѓаните вакцинирани против коронавирусот, иако втората според големината австралиска сојузна држава го пријави својот втор најголем раст на бројот во новозаразените од почетокот на годинава.

Премиерот Морисон рече дека на следната седница на националниот кабинет подоцна во петокот ќе биде дискутирано за воведување на ковид-пасошите и домашните карантини.

„Вакцинираните ќе може послободно да се движат и да извршуваат повеќе нешта. Помала е веројатноста тие да се заразат со вирусот, дека ќе го пренесуваат, тешко ќе се разболат и ќе завршат во болница. Па така нема да претставуваат протисок врз системот на јавните болници“, рече Морисон за радиото 3AW.

Австралиските здравствени функционери предупредија дека ширењето на делта варијантата на коронавирусот веројатно ќе значи и поголем притисок врз здравствениот и болничкиот систем, кога ќе почне ублажувањето на рестриктивните мерки во најголемите градови Сиднеј, Мелбурн, Камбера и уште некои региони.

Сојузната држава Викторија во петокот пријави нови 510 случаи на зараза со коронавирусот, повеќето во нејзиниот главен град Мелбун. Во четвртокот беа пријавени 514 нови коронаинфекции, што е најмногу во последниот бран на епидемијата.

Австралискиот премиер Скот Морисон го заговараше отворањето на земјата, во согласност со зголемиот број на вакцинираните. Потврди дека првата доза ја примиле повеќе од 70 отсто од населението повозрасно од 16 години. Исто така, најави дека ќе биде разгледана и можноста од укинување на хотелските карантини и воведување домашни за патниците кои пристигнуваат во Австралија.