На Ван Гал му се лоши од селекторската функција

Трофејниот холандски стручњак, Луи ван Гал, откри дека веќе му се лоши од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Холандија и дека ќе се врати во тренерските води откако ќе заврши престојниот Мундијал во Бразил.

“Веќе две години сум селектор на Холандија и можам да кажам дека ми се лоши од оваа функција. Како да сум болен. Време е да се вратам во тренерските води, а тоа ќе го направам веднаш по завршувањето на Мундијалот во Бразил. Веќе добив неколку примамливи понуди, а сигурно ќе добијам уште неколку до почетокот на летниот преоден рок. Убаво ќе размислам и ќе одлучам која понуда е најдобра”, изјави Ван Гал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.