Најважната точка која нѐ поврзува со Алијанса за Албанците и Алтернатива, е справувањето со организирианиот криминал и корупцијата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неделата вечерта гостуваше во централниот дневник на телевизија Сител, при што, меѓу другото, темите за кои зборуваше беше и соработката со опозициските албански партии.

Николоски посочи дека ова е почеток на една соработка на идеолошки и принципиелни основи и дека најважната точка која ги поврзува е организирианиот криминал и корупцијата.

„Она што особено е значајно, е дека ова е еден почеток на една соработка на идеолошки и принципиелни основи. Ние сме конзервативни центар-десни партии и најбитниот елемент тука е што првата соработка или првото јавно претставување на оваа соработка го прави фондацијата Конард Аденауер која што е најголемата германска фонадација на владеачката партија ЦДУ на Меркел, што дава дополонителна тежина на целата оваа работа“, рече Николоски.

Истакна дека „врзивното ткиво“ кое ги поврзува сегашните опозициски партии од македонскиот и од албанскиот политички блок е раширанат и неказнета корупција ширум земјата, од која штета имаат сите еднички заедници.

„Она што нѐ врзува во моментот, првата врзивна точка којашто ја имаме помеѓу нас, Алеансата за Албанците и Алтернатива е борбата со организираниот криминал и корупција, затоа што Македонија скапува од корупција. Корупција има и во Гевгелија, поприлично има и во Струмица во моменотв, има и во Гостивар, има и во Тетово, има и во Скопје, корупција има и кај Македоноци, и кај Албанци, и кај Турци, и кај Срби и кај останатите. И тоа што е врзивно ткиво меѓу нас како политички субјекти, е желбата да се избориме против организираниот криминал и корупција и околу тоа разговараме во овој момент. Јас се надевам дека ова ќе прерасне во една плодна соработка. Точно е дека ова е прв пат во опозиција на овој начин да соработуваат политички партии и сметам дека правиме едно пионерско дело кое што ќе го препознаат и македонците и албанците, и турците, и ромите, и србите и сите кои то живеат во Македонија“, рече Николоски.