На Велигден ограбена црква во кочанско

Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата ,,Св.Никола“ лоцирана во с.Тркање, кочанско.

Како што соопшти МВР, кражбата се случила вчера околу 16. 25 часот.

Разбојникот со  употреба на подесен алат делувал во пределот на бравата на влезната врата, насилно ја отворил, влегол внатре каде извршил претурање и од иконостасот одзел две метални каси во кои имало метални пари, по што го напуштил местото нa настанот.

Причинета е материјална штета од околу 10.000 денари. Сe преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.