На Венера откриле уште еден знак за постоење живот

Научниците на Венера ја откриле на наједоноставната аминокиселина глицин, што може да укажува на присуството на живот на оваа планета, се наведува во статијата на Ариџит Мана од Миднапурскиот колеџ во Западен Бенгал, објавена на порталот arXiv.

Споменатиот елемент е пронајден со помош на големата антенска решетка Атакама. Радиотелескопот открил карактеристична линија на апсорпција на глицинот на фреквенцијата од 261,87 GHz на средните географиски широчини на Венера. Сигналот бил најизразен во близина на екваторот, а не бил забележан во близина на половите на планетата.

„Во астрофизијата, хемиската физика и биофизиката, методите за синтетизирање на наједноставната аминокиселина глицин од едноставните молекули се од голема важност за хемиската еволуција и потеклото на животот“, забележува авторот на студијата.

Според научниците, ова откритие би можело да укаже на постоење на рани форми на живот во атмосферата на Венера.

Прашањето за проучување на атмосферата на Венера стана особено актуелно откако научниците од американски Масачусетс и британски Кардиф во септември објавија дека во облаците на планетата откриле присуство на гасот фосфин, кој може да укажува на присуство на живот на планетата.