9.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Најверојатно има две жртви во пожарот во ковид-центарот во Тетово (ВИДЕО)

Најверојатно има две жртви од пожарот што изби во ковид-центарот во Тетово.

Иако нема официјална потврда од МВР, според видеото што се објавува на Фејсбук се забележуваа тела покриени со бел чаршаф. Засега не е познато дали се жртви на пожарот или од нешто друго.

Очекуваме МВР да излезе со официјални информации.

Кај модуларната болница во Тетово е утврдено дека има грешка при изградбата и фирмата изведувач треба да ги отстрани забелешките, информирал на 15 април оваа година економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми, објави  Вечер.мк

Имало и примопредавање на објектот од страна на фирмата изведувач, Министерството за здравство и Клиничката болница.

– Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки. Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Системот е дојден до инфективно и може да се поврзе. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба, изјавил Етеми.

Во модуларната болница ќе има место за 35 луѓе. Сега во неколку објекти на Клиничката болница се хоспитализирани 41 пациент.

-Не е проблемот во кревети. Каде и да се болните, тешка е болеста. Голема е болницата и не сме имале страв дека ќе ни се случи ситуација да немаме кревети. И без модуларната, нема проблем и потешкотии, вели д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот.

Посочил дека за разлика од ноември, сега болните многу побрзо имаат потреба од хоспитализација. Сега,  најголем предизвик во надминување на состојбата се младите со коморбидитети. 

-Овие три недели имаме помлада/средна популација некаде од 38 до 55 години што не беше ситуација кога го имавме пикот во ноември. Сега имаме и помлади. Овие две недели имаме број на починати поголем во споредба со претходните три недели кога имаше голем број на прием, рекол Нуредини.

Вчера, во болницата починал маж на 40 години. Од први април до вчера евидентирани се 26 починати поради ковид или вкупно 260 од почетокот на пандемијата.