На влезот во Зрновци загина осумнаесетгодишник со мотор

Рано утринава загина осумнаесет годишно момче од Зрновци, потврди полицијата. Според официјалните информации, В. А. (18), кој работел во угостителски објект, управувајќи го својот мотор, излетал од патот на влезот во Зрновци, кај местото викано „Дива топола“.

По несреќата, момчето, со тешки телесни повреди, итно било пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починало од задобиените повреди.
Неговиот сопатник, С. П. (26) од с. Соколарци, исто така е повреден, но се наоѓа надвор од животна опасност.
За настанот е известен Јавен обвинитела, увид ќе се врши во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.