На Волстрит избришани сите добивки од почетокот на годината

На њујоршки Волстрит цените на акциите остро паднаа поради послабите отколку што се очекуваше економски показатели и разочарувачки деловни резултати неколку компании поради што индексите Dow Jones и S&P 500 потонаа на нивото од почетокот на годинава.

Индексот Dow Jones се лизна за 2,41 отсто, на 24.583 поени, додека S&P 500 потона за 3,09 проценти, на 2.656 поени, а индексот Nasdaq падна за 4,43 отсто, на 7.108 индексни поени.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Франкфуртскиот DAX индекс ослаби за 0,73 отсто, на 11.191 поен, а парискиот CAC за 0,29 отсто, на 4.953 поени, а лондонскиот FTSE, пак, за 0,11 отсто, на 6.962 индексни поени.

Со остриот пад во средата на Волстрит продолжена е негативната низа на најголемата светска берза, при што индексот S&P 500 загуби на вредноста шести ден по ред.

Цените на акциите се под притисок од почетокот на октомври поради низа причини, од рестот на трошоците на задолжувањата и високите приноси на американските државни обврзници, преку треговската војна меѓу САД и Кина, до тензиите меѓу Европската комисија и Италија во врска со буџетскиот ефиците, како и загриженоста на инвеститорите во пресрет на изборите за американскиот Конгрес.

По добивките од вторникот, индексите Dow Jones и S&P 500 се лизнаа на нивоата од почетокот на годинава, и ги избришаа сите претходни добивки, додека Nesdaq дури потона во областа на корекцијата. Сега, имено, е за 12,4 отсто под своето претходно рекордно ниво достигнато на 29-ти август.

„Падна наклонетоста на вложувачите кон ризикот на светскиот пазар поради бројните челни ветрови. Меѓу другото, повисоките камати негативно влијаат врз пазарот на недвижнини, а царините предизвикуваат раст на трошоците за производителите, што ќе се почувствува на нивните деловни резултати. Но тоа не значи дека ќе ја ослаби целокупната економија“, вели во анкетата на Reuters, Паул Земски, директор во компанијат „ Voya Investment Management“.

Инвеститорите вчера беа разочарани од податоците според коиштп продажбата на семејните куќи во САД во септември патднала на најниските нивоа во последните речиси две години, шти покажува дека повисоките камати на хипотекарните кредити и високите цени на предизвикаа пад на побарувачката. Покрај тоа, американската централна банка Federal Reserve (Fed) објави извештај кој покажува дека поради неодамна воведените царини, американските фабрики ги зголемиле своите цени. А тоа знаи дека, доколку зајакне инфлаијата, Fed би можел да го забрза темпото на зголемување на каматните стапки.

Вчера инвеститорите беа разочарани и од кварталните резултати на неколку производители на чипови, бидејќи тоа укажува на забавување на побарувачката. Поради тоа, цената на акцијата на „ Texas Instruments“ поон за 8,5, на „Intel“ за 4,7 отсто, па индексот на полупроводничкииоте сектор се лизна за 6,6 отсто. Притоа S&P индексот на технолошкиот сектор, кој до неодамна предводеше според растот на цените во оваа година, во средата се лизна за 4,4 отсто.

И во поголемиот дел од другите сектори цените на акциите вчера паднаа, иако повеќето компании известувајќи за подобрите од очекуваните квартални деловни резултати. Благодарејќи на тоа, аналитичарите во анкетата на Reuters сега проценуваа дека добивката на компаниите во третото тримесечје во просек пораснала за 22,4 отсто во однос на истиот лански период, додека на почетокот од сезоната објавувањето на деловните резултати очекува раст од 21,5 отст. Меѓутоа, пораи предупреувањата на многу компании за проблемите со коишто се соочуваат, аналитичарите ги намалија своите процени на растот на заработката во четвртиот квартал, од претходните 20 на 19,5 отст.

Поради сето тоа, во средата VIX иднексот на „стравот“ на Чикашката берз на опции, скокна за 4,5 поени, на 25,23 поени, највисокото ниво од февруари. Тоа покажува дека инвеститорите засилено ги осигуруваат своите портфељи од можен натамошен пд на цените на акциите. Се чини дека има повеќе паника и страв, додека распродажбата на акциите продолжува“, вели Криск Закарел, директор во компанијата „ Independent Advisor Alliance“.