На вториот ден од протестите во Тирана Рама се извини на семејството на убиеното момче, Лешај поднесе оставка

Албанскиот премиер, Еди Рама, преку видео порака јавно побара извинување од семејството на 25-годишниот Клодјан Раша, кој беше убиен од страна на полициски службен.
Рама исто така соопшти дека првиот полицаец, Сандер Лешај, си поднесол оставка од морални причини.

Според Рама, министерот Лешај претходно му ја најавил оставката, а денеска имале и средба.

„Веднаш по добивањето на трагичната вест, министерот Лешај ми ја стави на располагање својата оставка. Ми рече дека тоа е во ред. Му реков да ме почека да се погледнеме во очи. Се сретнавме денеска и горд сум на чувството и ставот на Сандер Лешај. Денес не се сите исти. Тој нема никаква врска со трагичниот чин, но како морален чин си поднесе оставка“, рече Рама.

Во однос на полицаецот кој пукаше во момчето, Рама рече дека тој е во рацете на правдата која треба да одлучи за него, додавајќи дека направил дело за кое нема објаснување.

Вечерва се одржува вториот граѓански протест во Тирана, а демонстрантите бараат правда за убиениот Раша. И покрај апелите на полицијата да се избегне било какво собирање, бидејќи е спротивно на мерките против ковид, вечерва граѓаните повторно се собраа. Пред зградата на Владата покрај полицајци со гас маски стационрани се и водени топови, во случај простестите да ескалираат, како и блиндирани возила.

Зградата на Министерството за внатрешни работи, од каде е почна протестот е заштитена со железни огради. Во меѓувреме, полицијата ги повика медиумите да го напуштат периметарот, кој се смета за опасен доколку ситуацијата ескалира, како што се случи вчера. За безбедноста се ангажирани 800 полициски службеници, а на готовс ќе бидат припадниците на специјалните полициски единици и Националната гарда.

Според медиумите, полицијата добила јасни директиви да не потпаѓа на провокации, додека граѓаните се повикуваат да избегнуваат какви било собири, затоа што тоа е забрането во ова време на пандемија.

Ова е втор протест за убиството на младиот Раша, кој бил застрелан пред два дена во близина на неговиот дом, малку време по полноќ, кога во Албанија е полициски час, откако не запрел на предупредувањата од полицијата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.