Најзадолжените земји во светот

Јавните долгови на земјите ширум светот забрзано се зголемуваат.

Владите настојуваат да обезбедат средства за санирање на економските штети предизвикани од пандемијата со коронавирусот и за стопанско закрепнување преку давање кредитни гаранции на компаниите и други видови на средства.

Најголем долг од сите држави во светот, во номинален износ, имаат САД, но кога се разгледува јавниот долг во одност на БДП, тогаш на чело на оваа листа се наоѓа Јапонија со удел на долгот од 283%, според податоците на порталот  USDebtClock.org.

Американскиот државен долг во моментов „тежи“ 26,5 илјади милијарди долари и процентуално одговара на износ од 100,5% од БДП на земјата.
Од друга страна, националниот долг на Јапонија е нешто поголем од 12 илјади милијарди долари, а вредноста на БДП е околу 4,3 илјади милијарди долари, поради што се смета за најзадолжена земја на светот.

Кина, второто најголемо стопанство во светот што вреди приближно 13,7 илјади милијарди долари, има долг од околу 7,3 илјади милијарди долари, што сочинува 53% од БДП.

Кога станува збор за Стариот континент, најголем товар од јавниот долг во однос на БДП има Грција – нејзиниот долг изнесува нешто помалку од 450 илјади милијарди долари, што сочинува 220% од БДП.

Следи Италија со долг од 3 илјади милијарди долари, што е еднакво на 158% од БДП, а по неа е Португалија со коефициент на долгот кон БДП од 156%.

На големо изненадување, во ова друштво се наоѓа и Белгија со удел на долгот од 128% во својот БДП.

Локомотивата на европското стопанство – Германија – исто така значително го зголеми националниот долг, кој сега изнесува околу 81,6% од БДП, додека францускиот јавен долг ја надмина вредноста на БДП и изнесува 116%, а слична е ситуацијата и со Велика Британија, чиј долг сочинува 105,5% од БДП.

Според податоците на овој портал, каде во реално време се следат промените на состојбата на долговите на 30 држави, најнизок удел на јавниот долг во БДП имаат Саудиска Арабија и Русија, со 15,7%, односно 19,3%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.