На Зоран Заев ќе му се суди за поткуп

Ново рочиште за случајот „Поткуп“, во кој на лидерот на СДСМ и сегашен премиер Зоран Заев му се суди дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп за приватизација на државно земјиште, денеска треба да се одржи во скопскиот Основен суд Скопје.

Минатото рочиште за овој случај беше одложено по барање на Заев кој тогаш имаше закажано средба со претставници на ОБСЕ, во врска со настаните во Собранието.

Зоран Заев на едно од минатите одоложени рочишта во изјава за медиумите рече дека тој и адвокатите инсистираат да ги добијат копиите од посебните истражни мерки, бидејќи се сомневаат дека обвинителот и обвинителсвото од кое доаѓа ги имаат тие докази од прислушуваните телефонски разговори и видео снимки од разговорот со бизнисменот Иван Николов Сачевалиев од кој наводно барал поткуп.

Според обвинителството, Заев од Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица. Една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица, велат од обвинителството.

Првото рочиште за предметот „Поткуп“ беше одржано на лани на 25 јануари, лани, и оттогаш постојано се одложува од страна на обвинетиот Заев.