Набавка на 150 товарни вагони за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт

Во Министерството за транспорт и врски, денеска ќе се потпише договор за набавка на 150 товарни вагони во рамки на Проектот за обнова на возниот парк на „МЖ Транспорт“ Скопје.

Планирано е да бидат набавени 75 нови зглобни интермодални вагони од серија Sggrss-80 и 75 нови плато вагони од серија Eass-Z-(K) во рамките на Проектот за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт АД – Скопје во соработка со Владата преку Министерството за транспорт и врски и Европската Банка за Обнова и Развој – ЕБОР.

МЖ Транспорт планира набавка и на патничките вагони кои би требало да пристигнат 12 месеци по потпишувањето на договорот односно при крајот на 2014 година. Се работи за набавка на вкупно шест гарнитури на вагони, од кои четири се дизел и две електрични гарнитури вагони, кои вкупно собираат 1.200 патници.

Шеесет отсто од постоечките патнички вагони ќе бидат заменети со новите.