Набавка на апарати за отпечатоците не може да се реализира зашто МВР има спорни одредби

Претседателот на Државна изборна комисија Александар Даштевски, во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за набавка на апарати за отпечатоци на прст и посочи дека најпрво побарале да им се одобрат средства за набавка на вакви апарати при што добиле одговор дека тие ќе бидат набавени доколку од ДИК се сигурни во спроведување на целиот процес.

-Јас би рекол дека ова е една сложена операција и треба сериозно да се работи за да се постигне резултати бидејќи треба време. Законот е донесен, овие измени и дополнувања на законот тие се во 3 члена, како што повеќе пати сум кажал во јавноста тоа се член 45 став 3 тоа е за опремата, членот 89 и во понатамошниот текст продолжува техничка опрема и членот 108А. Ние и кога дојдовме тоа ни беше должност и мораме да ја извршиме таа обврска со законот. Членот 31 став 1 на нас ни налага да ги извршиме сите обврски што се предвидени во законот. Прво што направивме затоа што немаше средства во буџетот, биле барани во септември месец и не биле добиени, побаравме од Министерството за финансии да ни одобри средства. Овде мислам дека состојбата е проблемот со КОВИД-19 затоа што тоа е направено, донесен е законот, овие измени и дополнувања кои ги спомнав во февруари и елаборатот кога се носат промените е кажано дека нема време да се остварат оваа година, ако сеќавате оваа година требаше во април да бидат и се одложуваа неколку пати и веројатно тоа ја комплицира постапката. Ние донесовме одлука да побараме средства за оваа постапка затоа што средства не беа предвидени, а тоа било обврска со донесување на законот и штом е со донесување на закон би требало да ни се одобрат. После неколку дена ни беше речено дека средства ќе добиеме доколку ги известиме дека сме спремни да ја извршиме таа постапка, рече Даштевски во своето гостување.

Понатаму во врска со ова Даштевски посочи дека во врска со оваа процедура имале состанок со Министерството за внатрешни работи и тука се појавиле две спорни одредби.

-За да ја извршиме таа постапка ние одлучивме да разговараме со министерот за внатрешни работи затоа што МВР треба да ни помогне во извршување на таа постапка. Ние имавме состанок со МВР и тука има спорни две одредби кои не се знаеле тогаш, додаде Даштевски.