Се приближуваме до ерата на преседување на свински органи во луѓето, изјави на неодамна одржаната TED (Technology, Entertainment, Design) конференција во Ванкувер, Лухан Јанг, научен директор на американската биотехнолошка компанија eGenesis.
Настојуваме да создадеме свет во кој нема да има недостатоци на органите за трансплантација. Конечно ја имаме алатката за решавање на проблемот, а каква до сега немавме, а тоа е технологијата CRISPR Cas 9, додаде Јанг.
Оваа млада научничка е една од пионерите во користењето на новата и револуционерна технологија CRISPR-Cas9, која овозможува наменска модификација или замена на еден или повеќе гени. Користејќи го методот CRISPR, Јанг како постдокторантка на Харвард во 2014 година од јајце клетките на жените со наследен вид на рак на јајниците, го елиминирала генот поврзан со оваа малигна болест.
Сега со колегите во компанијата eGenesis се обидуваат да ја применат технологијата CRISPR при трансплантација на свински органи во човекот. Поради сличности и компатибилност на нивните органи со човечките, свињите подолго време се сметаат за поволни донатори за ксенотрансплантација.
Но секогаш постоеле два главни проблеми. Кога човечкото тело препознава трансплантиран орган како страно тело, го отфрла. Освен тоа, геномот на свињата содржи ендоген ретровирус, ПЕРВ, кој може да се пренесе на луѓе и да предизвика смртоносна епидемија слична на ХИВ – истакна Јанг.
Нејзиниот тим, користејќи ја технологијата CRISPR, минатата година успеа да го елиминира ПЕРВ од свинскиот ген. Научните потоа ги одгледале првите генетски модифицирани прасиња кои не содржат ПЕРВ.
Во следните десет години би можеле да ги трансплантираме на луѓето првите свински органи- вели Јанг.
Ксенотрансплантацијата, пресадување на животните ткива и органи на луѓето, веќе долго време се предмет на интерес на научниците и лекарите. Почетоците датираат од 1682 година, кога холандскиот хирург Јоб Јансзун ван Микерен черепот на руски војник го надградил со парче коска од куче. Запрепастените црковни великодостојници заповедале отстранување на вметокот, но тој премногу добро зацелил за да може да се отстрани.
Ирскиот хирург Самуел Бигер за време на заточеништвото меѓу бедиуните во 1835 година на слепа газела и пресадил рожница од ранет елен. Првите знаци за враќање на видот кај газелата се забележани десет дена по операцијатна едно куче од расата поентер му ја пресадил рожница од волк. Своите успеси ги опишал во 1837 година на Дублин на научници за медицина, заклучувајќи дека во случај на пресадување на луѓето, најдобро би одговарала свинската рожница.
Рускиот емигрант во Париз, хирургот Серж Воронов во 1920 година трансплантирал тестиси од мајмун на човек., но неговите операции на крајот не биле успешни, бидејќи телото го отфрлило мајмунското ткиво. Слично поминал и обидот на францускиот хирург, Матие Јабулај, кој на пациент со хронично затајување на бубрезите му пресадил свински бубрег, но операцијата беше неуспешна поради отфрлање на органите. Ништо повеќе успешни биле обидите за ксенотрансплантација во 1960-тите години, а во 1984 година големо внимание привлече случајот Baby Fee. На ова новородено девојче во Медицинскиот центар во Лома Линди во Калифорнија и било пресадено срце од бабун, но по три недели откажало. Жената на која во 1992 година во Лос Анџелес и била преседен црн дроб од свиња живеела 34 часа, а индиски лекар, кој во 1996 година на пациент му трансплантирал свинско срце бил уапсен и обвинет за убиство.
За да се спречи отфрлање на животинските органи, кои што човечкиот имунолишки систем ги препознава како „натрапници“, научниците пред 25 години дошле на идеја да уфрлат човечки гени во свињи. Првата свиња со човечки гени беше наречена Астрид, а дошла на светот уште во 1992 година на една фарма во Кембриџшир, во сопственост на биотехнолошката компанија Имутран. Оваа компанија произведе неколку десетици генетски модифицирани свињи и објави први клинички експерименти за пресадување на срца од свињи на луѓето. Но под притисок на движењето за заштита на животните, Имутран го затвори својот истражувачки центар во Велика Британија.
Водечки производител на генетски модифицирани свињи во САД е компанијата Revivicor во Вирџинија.
Додаваме човечки ген во свињите за да можеме да имаме органи кои го поттиснуваат имунолошкиот одговор на човечкото тело, наместо да му даваме големо количество имуносупресиви – вели Дајв Ајарес од Revivicora.
Но Revivicor е подружница на компанијата United Therapeutics Corporation од Мериленд, која интензивно се занимава со ксенотрансплантации. Научниците од оваа корпорација на еден бабун му пресадиле срце од свиња и на тој начин живеел 945 дена. Друг бабун, пак, добил свински црн дроб кој му траел 135 дена. Свињите чии органи биле трансплантирани се генетички модифицирани така што им биле вметнати пет човечки гени. Минатата година тим на Универзитетот Емори во Атланта објави дека бубрегот од генетски модифицирана свиња се одржал во резус макаки мајмун повеќе од 400 дена пред да биде отфрлен.