Набљудувачи: Последни денови на ИД во Сирија

Џихадистичката Исламска држава (ИД) ги живее последните денови во источна Сирија каде што против оваа ултрарадикална сунитска организација во нејзиното последни упориште започна офанзива, наведува во четвртокот опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

Арапско-курдската коалиција Сириски демократски сили (SDF), чиишто ударно јадро ја сочинува курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), со помош на коалицијата предводена од САД, започна офанзица за да ја потисне Исламската држава од селот Багуз, последната област кое е уште под нивна контрола во источната покраина Деир-ез-Зор. Претходно седмицава сириските медиуми објавија дека во воздушен напад на коалицијата во Бугуз загинале десетици цивили.

„Даеш (арапски акроним за Исламската држава) ги живее своите последни денови во подрачјето во кои неговите елементи сега се кријат меѓу цувилите за да се заштитат. Сега се скриени во логорите во земјоделскиот регионт на источниот брег од реките Еуфрат“, вели за агенцијата DPA, Рахман Абделрахман, директор на SOHR.

Командантот SDF, Аднан Африн, рекол дека излгеда оти остатоци во Исламската држава се решителни да дадат отпор до крајот..

„Во изминатите два дена Даеш ги користеше жените како бомбашки самоубијци за да го сопре напредувањето на офанзивните сили и да го забави нашето движење“, рекол Африн.

Исламската држава има свое упориште во сириската пустина, северно од градот ал-Сукна, околу 50 километри до градот Деир-ез-Зор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.