14 C
Skopje
недела, октомври 25, 2020

Нацев бара одговорност од Петровска за оддавање државни тајни

162

Продолжува оддавањето државни тајни‼!, реагира универзитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев.

-Додека јавноста сѐ уште чека одговори од министерката за одбрана за безбедносниот инцидент со оддавањето на класифицирана информација, сведоци сме на сличен таков скандал кој го направи дополнителниот заменик министер во МВР, Славјанка Петровска. Двата инциденти се многу слични, бидејќи вклучуваат објава во јавност на документи кои се со високи степени на класификација, во првиот случај преку социјален медиум (со слика направена во безбедносна зона), а во вториот со расфрлање со класифицирани материјали во емисија во живо (што укажува дека класфицираниот документ неовластено бил изнесен од безбедносна зона), вели Нацев.

-Се чини дека привилегијата на неказнивост која ја ужива министерката за одбрана за објавувањето на класифицираната мапа, сега сакаше да ја почувствува и Петровска, за да покаже дека еве за остварување на нашите пропагандно-политички цели, можеме да употребуваме и класифицирани материјали и никој за тоа да не сноси одговорност. Се прашувам, дали како членка на НАТО, утре нашите функциониери со ниско ниво на безбедносна култура, нема да изнесат и НАТО класифицирани документи, со цел да покажат колку се важни и колку многу работат? Напоменувам дека за овие случаи мора да следи истрага, и лицата да се повикаат на одговорност, а уште веднаш да им бидат одземени безбедносните сертификати за пристап до класифицирани информации, со цел да се спречат нови безбедносни инциденти. За споредба, подолу неколку фотографии од слични случаи, и каков епилог имале таквите случаи во земјите кои сериозно ја сфаќаат својата безбедност, пишува професорот Нацев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.