9.5 C
Skopje
сабота, март 28, 2020

Нацев: Проектот на Шекеринска е чист популизам и предизборен маркетинг

239

Денешната изјава на министерката за одбрана не беше ништо друго освен чист популизам и предизборен маркетинг, ова преку Фејсбук статус го истакнува Универзитетскиот професор Александар Нацев.

-Имено, во својата изјава таа пропушти да каже за дискриминацијата што се врши на сметка на армискиот кадар кој има откупено станови од поранешната ЈНА. Голем дел од овие луѓе сѐ уште се активни припадници и се на раководни позиции во Армијата. Уште поголема дискриминација се врши врз цивилниот кадар на Министерството за одбрана, кои не се опфатени со популистичките мерки. Така на пример, овој вид на персонал не го следува организиран превоз, ниту надоместокот за истиот, во услови кога цивилите превозот го плаќаат од сопствен буџет. За основните услови на функционирање на војниците, како немањето униформи, немањето чизми, престојот во руинирани касарни и немање основни услови за работа веќе не станува збор. Можеби Шеќеринска, кога веќе пред крај на мандатот се нафатила конечно нешто да решава, да ги реши и овие горливи прашања, макар и како дел од предизборен маркетинг, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.