Начевски: Ја претставуваме Македонија како горди Македонци, изјавата на Заев е немање национално чувство

94

Ракометниот судија, Ѓорѓи Начевски кој ја претставува Македонија години наназад на планетарни и континентални собири, на Олимпијади, во Лигата на шампионите на ЕХФ и во СЕХА лигата е згрозен и разочаран од последното интервју на премиерот, Зоран Заев за бугарската телевизија.

Начевски за Дриблинг.мк вели дека целиот Балкан се потсмева на изјавите на Заев, срамота е немањето национално чувство и морална одговорност.

-Последните изјави на Заев не само по нас како спортисти, туку него по нас пред се како Македонци, колку и да се трудиме да бидеме аполитични едноставно вакви изјави не те оставаат имун и рамнодушен на се што се случува во последниве неколку години.Од горди Македонци не направи понизни и смешни луѓе, целиот Балкан да се потсмева и подбива со нас како Македонци. Кога ќе си ја наведнеш кичмата, многу тешко се исправа. Едноставно сум разочаран максимално од се. Сме ја претставувале Македонија на толку европски, светски првенства и олимпијади и секаде сме биле горди на тоа што сме Македонци. Ниеден не се најде, дури и после последното финале ако ништо повеќе да не повика и не удостои за се што сме направиле за Македонија и спортот во Македонија. Да дадат една благодарница за досега стореното. Меѓутоа овие ниту имале, ниту ќе имаат чувство да го вреднуваат она што е направено за оваа земја. Едноставно ќе кажам срамота и немање никакво национално чувство и морална одговорност за постапките што ги прават, вели Начевски за Дриблинг.

Целата изјава може да ја прочитате ТУКА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.