Националистите во Индија остварија историска изборна победа

Националистичката партија на индискиот премиер Нарендра Моди оствари историска победа на парламентарните избори, објави министерот за надворешни работи откако се преброени стотиците милиони гласачки ливчиња на масовните избори кои се одржуваа во повеќе фази.

Податоците на изборната комисија покажуваат дека хиндуистичката партија Бхаратија Џаната Парти (BJP), која ја води Националната демократска алијанса (NDA) освоила 292 од 542-та мандата, повеќе од 272 мандати потребни за мнозинство во долниот дом на парламентот или како што се нарекува Лок Сабха. Главната опозициска сила Конгресната партија (CP), може да освои најмногу само 51 мандат, иако излезните анкети ѝ предвидуваа меѓу 128 и 132 мандата.

Убедливата победа на BJP најверојатно ќе ги охрабри хундуските групации кои сакаат да доминират со земјата и ќе ги вознемири малцинските муслимани. Исто така, оваа победа ќе му поттик на премиерот Нарендра Моди во спроведување на реформите чијашто цел е да се намалу невработеноста и сиромаштијата во руралните области.

Околу 900 милиони Индијци имаа право на глас на изборите кои се одвиваат во седум кругови. Исцрпувачките избори кои траеја 39 дена започнаа во сенката на зголемените тензии со доминатно муслиманскиот Пакистан што го искористи партијата на Моди за да ја насочи изборната кампања на прашањата од националната безбедност.

Во оваа предизборна кампања BJP располагаше со големи суми со кои беше финансирана промоцијата, па Моди можеше непречено да ги наметнува темите кои му одговараат. Одлуката одлука воено да се нападне логорот на милитанти на територијата на Пакистан по самоубиствениот напад во Кашмир во кој загинаа 42 припадници на локалните паравоени милиции ја зајакна неговата полупарност пред изборите.

Опозициската конгресна партија и другтие регионални коалиции се насочија на неспособноста на владата во управувањето со економија и нејзината неспособност да создава нови работни места. Кампањата во меѓувреме стана многу лична и насилна, а судирите на спротиставените блокови ги отежнаа изборите во сојузната држава Западен Бенгал.