Националната гарда подготвена да ги штити спомениците во Вашингтон

Околу 400 војници на американската Национална гарда беа во средата подготвени да интервенираат поради заштитата на спомениците во Вашингтон доколку демонстрантите повторно се обидат да ги уриваат спомениците на личности од историјата на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп, истовремено до крајот на седмицата ќе ја потпише одлуката за казнување на сите коишто го оштетуваат културното наследство на САД.

„Сега се подготвуваат на Исус Христос, Џорџ Вашингтон, Абрахам Линколн, Томас Џеферсон: тоа нема да се случи додека сум јас тука“, изјави Трамп по разговорот со со полскиот колега по должност Анджеј Дуда.

Спомениците на генерали и политичари од Конфедерацијата од времето на граѓанската војна, се цел на напади на демонстрантите против расизмот и полициската бруталност кој веќе цел месец ги тресат САД.

Во понеделникот ноќта група демонстранти се обидоа да го урнат споменикот на претседателот Ендрју Џексон, кој во историјата гласи за приврзаник на ропството, кој е поставен спроти Белата куќа. Полицијата задолжена за националните паркови интервенираше и уапси повеќе лица. Следниот ден, министерот за внатрешни работи Дејвид Бернхард, под чија ингеренција, се овие полициски сили, ја повика на помош Националната гарда.

Пентагон на неговото барање „активираше околу 400 припадници на Националната гарда“ за да се спречи „уништувањето и оштетувањето на спомениците“ во сојузната престолнина, изјави за AFP портпаролот на министерството за одбрана Крис Мичел.

Војниците засега се „во приправност“. Доколку бидат распоредени, нема да бидат вооружени а нивната задача ќе им биде исклучиво „одвраќањето и контролата на масите“ за да се спречи пристапот на демонстрантите на некои локации, рече Мичел.

Трамп во вторникот го осуди однесувањето на „вандалите, анархистите и агитаторите“ и најави нивен судски прогон на основа на сојузниот закон кој предвидува казни до 10 години затвор.