Националниот парк „Маврово“ објави фотографија од рис, „уловен“ и волк

Националниот парк Маврово објави фотографија од рис направена со помош на замка.

Фотографијата е во рамки на проектот за закрепнување на Балканскиот рис, кој се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД).

Балканскиот рис живее во планинските региони на Западна Македонија, особено околу националниот парк „Маврово“, како и на планините Мунела, Шебеник и Албанските алпи во Албанија. Според последните истражувања со фотозамки, потврдено е негово присуство и во западниот дел од Косово.