Националниот пораз дојде преку Арена Спорт, МРТВ и АВМУ

Отворено писмо: До сите лидери на политичките партии и Претседателот на Македонија

Навистина неможам да се изначудам дека во нашата мила Македонија сеуште  функционираат исти новинарско аналитички бараби кои само за да земат некој финансиски проект го имаат следниов принцип: Ништо не чини во државата и најмилата дефитистичка импресија која вели Не Не’ Бива и главна химна им е „Пуши Пуши Ме Гајле Си Немаме“. Во принцип станува збор за личности со неостварено детство и кои своите фантазии слушнале од некого дека можат да ги остварат преку некогашното модерно списание „Врочи Кај“ (за помладите да знаат списание за еротика).

Пред неколку дена една госпожа аналитичар се изјасни вака: Во нашиот законодавен дом членуваат пратениците и ним сличните. Може некој од Вас да ме просветли?

Дигресија во колумната.

На тапет ги ставија вардаровите комити со епитетите дека станува збор за неинтелегентна простачка багра која е политички испрдок. Истите тие новинарско аналитички бараби и тоа во покушај, кога би им раскажувале приказни за основачите на Комити од 1987, они милно би трепкале со очињата и би се однесувале како нас кога бевме дечиња и уживавме во Мечето Ушко и уште попресреќни кога ќе дознаат дека Таска Балабанова ја синхронизираше Олива, девојка му на Попај. И тука не застануваме. Кога ќе ја слушнат следнава песна ќе се подмочаат од радост:

Вечерва е наша слава, на Шешељ ќе му летне глава, нек се игра нек се пее, кој не пее Македонец не е.

Драги политички лидери и господин Претседател на Македонија, Комитите едноставно заслужија внимание. Секогаш кога пеат има само една причина: Или им е загрозен клубот (со години закани) или им е загрозена државата.

Ако кај мене се јави силна емоција кога Карачиќ со знамето на Вергина, шампионскиот трофеј во раце и ја пее Ој Вардаре Македонски замислете ги нив.

Затоа Вие сте одговорни секогаш на трибините да грми само оваа химна:

Комити Знаме на Запад Веат и Песна Пеат, Знамето Наше Во Две Бои, Црвено Црно  на Запад Стои, Црвената Е За Крвта Врела За Македонски Градови Села, а Црната е За Тој Што Жали За Гоцевите Идеали ООООООООООООООО

За Една Љубов Живееме За Еден Клуб Навиваме, Една Љубов Еден Живот За Тебе Вардаре ООООООООООООО итн

Еве и да слушнете како тоа звучи:

Крај на дигресијата.

Продолжуваме со тажната реалност во која Вие почитувани ќе цените за колку е продадена нашата гордост од страна на функционери кои сакаат да не направат сите глупави заедно со Вас. Све е пред вашите очи.

Многу внимание и време мора да се посвети за да може да се има чиста слика што значи авторско право за емитување спортски натпревари.

  1. Жалната одлука на МРТВ

И додека сите мислите (се извинувам јас мислам поинаку) да главниот кривец за неподносливиот срам за неемитувањето на финалето од РК Вардар на програмите на МРТВ е директорот и по наводната наредба на еден од Вас почитувани лидери, спортската редакција, управниот одбор и програмскиот совет удобно си седат во сенки и си фаќаат Сеир (во превод на македонски: интересна глетка).

Драги лидери на политички партии и Претседателот на Македонија во оваа медиумска куќа едноставно не разбираат колективно што е јавен интерес и воопшто нема да знаат пред Вас како фактор на одлучување, како да ја повторат па макар и бубаторски дефиницијата за јавен интерес.

Патем имам „сериозна информација“ дека спортската редакција заедно со програмскиот совет и големите НВО забрзано преговарала за пренос на најквалитетните натпревари, а пред се и над се за интересот на нашите граѓани и влезот во НАТО и преговори со ЕУ, од Бадмингтон, Хокеј на Трева и Крикет.

Што би рекле драгите прилепчани: „Како се вика автогол? Сами си го кладоја“.

Зошто?

Во утринската емисија кај Роберт од Канал 5 еден повозрасен граѓанин на Македонија побара реприза од финалето за да може да види како играл нашиот Шампион РК Вардар бидејќи нема кабловска и интернет.

Ете затоа е жална одлуката да не се откупат правата.

  1. Арена Спорт и АВМУ

Почитувани,

Бијќи Ве прават слепи при очи би сакал да ја расчистам маглата што ја сеат одредени лица.

Секоја чест на коментаторите од Арена Спорт. Врвно и неповторливо, ама на јазик кој не се говори во Македонија зошто не е официјален.

Отвараме преговори за влез во ЕУ со глава 23. Медиуми. Тоа значи интелектуална сопственост и почитување на Уставот.

Како пример: Пред 10-15 години Бундес лигата ги продаде правата на Еуроспорт. Што мислите на кој јазик се коментираше во Португалија, Шпанија, Унгарија или пак Франција?

И едно прашање во врска со јазикот: А, што ако беше на Бугарски?

И во онаа Југославија Таско, Каљо, Миленко, Вања, Зоки Михајловски, Ивко Панговски коментираа на Македонски. Бидејќи беше службен казик.

Одговорот е следен:

Секој што купил ексклузивни права за Македонија мора недвосмислено и без никакви преговори да коментира на Македонски јазик (значи наши спортски новинари) и поради интерес на друга бројна публика како што впрочем функционира АлСат-м (албанска и македонска редакција) коментирање на Албански мин 35% од вкупната програма со спортски коментатори од Македонија.

За жал, оние кои ги плаќаме даваат одговор кој не доведува во подредена ситуација која што финансиски се исплати само на Арена Спорт и нормално нашиот Телеком бидејќи овој спортски канал го има само таму, а оваа компанија само го подига бројот на претплатници и се однесува рамно на монопол (погледнете ги извештаите на АЕК од 2010, па наваму). Суштината на разбивањето монополи е во Must Offer до сите кои даваат услуги на крајниот потрошувач неговото височество Граѓанинот на Македонија.

За жал оние кои треба да го регулираат овој неподнослив национален пораз имаат две опции: Или се неписмени, или согласно филозофијата „десна рака лев џеб“ се неписмени.

Директорот на АВМУ прашајте го која фунција ја имал во Телеком.

Бидејќи Бивши Ротфајлер нема.

  1. Средбата Претседателот на Македонија и Младен Чадиковски

Почитуван г-дине Претседател,

Ваков мерак никој одамна не ми направил како Вие со средбата со лицето М.Ч. што е претседател на ЗНМ. Дефинитивно сте мојот Претседател. Да Ви објаснам зошто:

  • Се сомневал во националниот идентитет на нашите двајца заеднички другари, од кој едниот е шеф во друштво, а другиот ниту јас, ниту пак Вие се откажавме од него кога беше во најтешките животни моменти. Затоа сте господин човек во моите очи.
  • Не се огради од неговиот претходник, кој ги нарече Столе од Канал 77 и Трпе, тогаш од sdk.com.mk дека се началници т.е полициски играчи. Столе и Трпе?
  • Да го викнете повторно на соостанок и да му ги поставите следниве прашања: Од кого земаш плата и кој ти е газда во ТВ 24 вести? Да ми го објасниш членот за недозволена медиумска концентрација што значи? И како тоа ти како претседател на ЗНМ премолчуваш или пак немаш иницијатива да расчистиш со озборувањата на бившите вработени дека сопственоста е противзаконска?

Почитуван г-дин Претседател на Македонија после Вашите прашања лицето М.Ч. може само да продава пакети за мобилен оператор, интернет и кабловска телевизија, а и да го зголеми асортиманот со: камен за пете, сензор жилете, фармерица карера да ти уништи новинарска кариера.

На крај почитувани,

Медиумската индустрија е во колапс. И е како следниов Виц:

Како беше: Хусеин Садам иде во Прилеп да го најде Кинг Конг кралот на мајмуните. Се запознава со прилепчанец и му вели – јас сум Садам.

Одговорот е: Нит го садам, нит го ебавам. Не плачаат.

Поздрав до сите и Да живее Македонија.

Автор: Виктор Грозданов