Над 1.000 загинати во поплавите во Пакистан

Минсунските дождови и поројни поплави продолжуваат да го пустошат Пакистан, а бројката луѓе кои ги загубиле животите во несреќите поврзани со поплавите надминал 1.000, а владата повика меѓународна помош.

Националната управа за управување со катастрофи (NDMA) соопшти дека од средината на јуни смртно настрадале 1.033 луѓе, од кои 348 се деца. Само во изминатото деноноќие загинале повеќе од 100 луѓе, се додава во соопштението.

Водата оштетила повеќе од 94.000 домови и повеќе од 3.400 километри од патната мрежа. Десетици илјади луѓе останале без домови, заглавени во оддалечените села, додадоа од агенцијата во неделата.

Спасувачите настојуваат да ги евакуираат заробените луѓе и би можело да минат денови додека да успеат да стасаат до нив и да ги сместат на безбедно, додека се стравува дека бројот на жртвите и натаму ќе расте, изјави портпаролот на управата за катастрофи.

Надојдените реки уривале куќи, мостови и патишта. Во медиумите се објавени снимки на кои се гледа како поројните поплави носат повеќекатници и хотели во долината Сват на северот на Пакистан.

Од NDMA соопштија дека уништени се повеќе до два милиона хектари одгледани посеви и 3.451 километар пат и дека 149 мостови се однесени од надојдената вода.

Милиони луѓе, вклучително и деца, се загрозени поради болестите кои се пренесуваат преку загадената вода во регионите погодени од поплавите, според локалните власти. Пакистанската влада прогласи вонредна состојба и повика меѓународна помош, велејќи дека во седмиците повремени дождови погодиле повеќе од 33 милиони луѓе, главно во сиромашниот југ и југозапад на земјата.

Пикот на поплавите се очекува во недела, најавуваат метеоролозите за монсунскиот период кои вообичаено трае од јуни до септември и важно е за надводнувањето и пополнувањето на резервите од вода во индискиот потконтинент, но секоја година носи и неизвесност и штети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.