Над 1.500 новозаразени во Шпанија, рекордна бројка од укинувањето на карантинот

116

Шпанското министерство за здравство во петокот објави дека се потврдени 1.525 нови сличаи на заразата со коронавирусот, што е најголем дневен раст од укинувањето на карантинските мерки во јуни, со што е соборен рекордот од претходниот ден.

Ова е трет ден со ред во Шпанија кога се потврдени повеќе од илјада нови случаи на зараза со коронавирусот.

Вкупно од коронавирусот оздравеле, во што се вклучени и лицата кај кои е потврдени дека имаат антитела, 2888.522 лица, додека ден претходно имаше 285.430 оздравени, соопшти шпанското министерство за здравство.

Според последните официјални податоци досега во Шпанија се регистрирани 335.602 случаи на зараза, од кои 28.445 завршиле со смртен исход. Во моментов активни се 110.199 случаи, од кои 617 пациенти се во сериозна или во критична состојба.

Германскиот институт за зразни болести Роберт Кох (RKI) претходно во петокот стави три шпански региони, меѓу кои е и Каталонија со главниот град Барселона, на листата високоризични области во Европа. Покрај Каталонија, се и северните шпански покраини Арагонија и Навара.

Летната туристичка сезона предизвика стравување дека туристите кои се враќаат од дестинациите на кои се бележи поголем број заболувања на Covid-19, како Шпанија, би можело да разнесат клици на вториот бран на заразата.

Германија во понеделникот најави дека тестирањата на коронавирусот ќе биде задолќително на аеродромите за сите туристи кои се враќаат од високоризичните области.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.