Над 10.000 луѓе протестираа во Хамбург против самитот на Г20

Најмалку десет илјади луѓе, според податоците на полицијата и на организаторите, во неделата учествуваа на мирните демонстрации во Хамбург на големиот протест против одржувањето на самитот на Г20 која треба да започне во петок и да трае два дена.

Станува збор за првиот голем собир на противниците на самитот на „Големата дваесетка“, кои најавија дека во текот на целата седмица секојдневно ќе одржуваат собири, изјави портпаролот на организацијата на протестите.

И организаторите и полицијата истакнаа дека собирањето во толку голем број луѓе бил одржано „потполно мирно“.

Во речиси семејна атмосфера и под дожд, демонстрантите од утрото се собраа пред градскиот совет на Хамбург каде што на бината се менуваа говорниците барајќи „поинаква политика“, и повикаа на почитување на животната средина или критикувајќи ја политиката на американскиот претседател Доналд Трамп.

Истовремено поголема група демонстранти со кануа и помали чамци запловија по реката Алстер и вештачкото езеро Биненалштер, а во хамбуршкото пристаниште протестираа и членовите на Гинрпис кои незадоволството го изразија пред товарен брод со јаглен барајќи тој да престане да се користи за добивање електрична енергија соопшти оваа меѓународна невладина организација.

Организаторите очекуваат дека на улиците на Хамбург во следните неколку денови ќе излезат повеќе од 150.000 луѓе. За редот и безбедноста во градот ќе бидат ангажирани 20.000 полицајци од цела Германија. На територијата на Хамбург веќе се организирани привремени центри за приведување на нарушителите на мирот. За нив од државната каса се потрошени 750.000 евра.

Самитот на Г2 ќе се одржи на 7 и 8 јули, а ќе ги собере светските челници, а јавноста особено ги очекува настапите на американскиот челник Доналд Трамп, како и на рускиот Владимир Путин и на турскиот Раџеп Тајип Ердоган.