Над 100.000 бегалци избегале од Судан за да го избегнат насилството

Над 100.000 бегалци преминале од Судан во соседните земји за да побегнат од конфликтот што избувна во таа земја минатиот месец, изјави претставничката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци Олга Сарадо.

Се проценува дека повеќе од 100.000 бегалци се меѓу оние кои досега преминале во соседните земји, предупреди таа на брифингот во Женева.

Десетици илјади Суданци и странци се уште се обидуваат да побегнат од земјата зафатена со конфликт, која запаѓа во хаос. Иако во текот на две недели, од првата ескалација на непријателствата меѓу воените фракции, беа објавени три примирја, ниту едно не траеше.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.