Над 100 милиони Кинези ставени во карантин, јавува Bloomberg

88

Поради новото разгорување на епидемијата од новиот коронавирус во самоизолација се најдоа 108 милиони Кинези, јавува во понеделникот американската новинска агенција Bloomberg News, повикувајќи се на сопствени извори.

Според извештајот, властите вовеле извонредно строги мерки на карантин во североисточните области на земјата. Во провинцијата Џилин во прекин бил автобускиот и железничкиот сообраќај, затворени се училиштата, а граѓаните се во изолација.

„Овие сериозни ограничувања вознемирија многу локални жители, коишто веруваа дека најлошото од епидемијата го оставиле зад себе“, се наведува во агенцискиот извештај.

Луѓето повторно се плашат и се внимателни, рекла Фан Паи, која работи во трговска компанија во Шенјанг, град во соседбата провинција Лиаонинг, кој иста така се соочува со повтрно се соочува со обовени ограничувања. „Децата кои играат надвор повторно носат маски, а здравствените работници одат во зашитена опрема. Фрустрирачки е затоа што не знаете кога ќе заврши“, додала.

Според информациите на Bloomberg News, иако во споменатата покраина се регистрирани само 34 нови случаи на Covid-19, новите брзи и обемно воведени рестриктивни мерки и ограничувања укажуваат на стравот кај кинеските власти од можен нов бран на епидемијата.

„Тоа, исто така, е сигнал колку кревок ќе биде процесот на враќање во нормалниот живот во Кина и во другите земји, затоа што дури и најмалите навестувања за ново појавување на заразата може да доведе до враќање во строга изолација“, се истакнува во написот.

Во Шуилан, еден од градовите во провинцијата Џинлин, властите донеле одлука да ги затворат сите станбени комплекси каде што се потврдени нови или се регистрирани сомнителни случаи на коронавирусот. Притоа, само еден член од семејството ќе може да оди во набавка на основните продукти на два часа секои два дена, пишува агенцијата.

Покрај тоа, во регионот затворени се повеќето сервиси за испораки, а аптеките престанале со продажба на лековите против туберколоза, со цел граѓаните да не може да ги прикријата сиптомите на коронавирусот кои се појавуваат кај нив и да се избегне самолекувањето без лекарски надзор.

Коронавирусот SARS-CoV-2, кој е предизвикувач на респираторната болест Covid-19, првпат беше откриен кон крајаот на ланскиот декември во градот Вухан, во централната кинеска провинција Хубеи. На почетокот од март годинава Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ширњето на вирусот го прогласи за пандемија, во која според последните податоци, заразени се речиси 4,5 милиони луѓе во светот, а повќе од 310.000 починале.

Во текот на епидемијата во Кина регистрирани се 82.954 случаи на заразата со коронавирусот, од кои оздравеле 78.227 а починале 4.633 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.