Над 120 лица починаа од топлотен бран во пакистанскиот град Карачи

Најмалку 122 лица починаа од високите температури кои го зафатија најголемиот пакистнски град Карачи и други делови во јужната провинција Синд, јавија локалните власти.

Од саботата само во Карачи животот го загубиле 114 лица, а осуммина во три други области на провинцијата Синд.

Температурите во големиот пристанишен град достигнаа во изминатите два дена до 45 степени Целзиусови, што е блиску до рекордните 47 степени Целзиусови регистрирани во јуни 1979 година.

Ситуацијата е дополнително влошена по прекинот на електричната енергија, што го погоди водоводниот систем на Карачи. Градот има 20 милиони жители.