Над 120 милиони евра за проекти на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, а општините каде власт е СДС немаат ниту отчет

Над 120 милиони евра за проекти на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, а општините каде власт е СДС немаат ниту отчет. Стратешки важни проекти за единиците на локална самоуправа, каде власт е ВМРО-ДПМНЕ се одвиваат секојдневно. Нови булевари, улици, клучки, натпатници, се дел од проектите на кои отпаѓаат најмногу средства, дури 36 милиони евра. Дури 20 милиони евра се инвестирани во водоводна и канализациона мрежа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се градат градинки, се реконструираат училишта и се вложува во нивно опремување.

Силно се поддржува спортот, културата и ранливите категории на граѓани.

Со ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен.

За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, тие од СДС немаат направено ниту еден отчет.

Жално за општините каде е власт СДС, што нивните градоначалниците немаат ниту еден проект, па не можат да направат ниту отчет.

Во СДС владее паника зошто народот ја гледа разликата за само една година.

Промените се случуваат и тие ја носат иднината. Промените на локално ниво веќе донесоа резултати, потребни се и промени на централната власт, за Македонија да тргне напред, да се развива и јакне, подвлекуваат од партијата.