Над 130 лица се повредени при немирите во Тузла

Над 130 лица, повеќето полицајци, се повредени кога полицијата употребила солзавец и при судири со босански демонстранти, незадоволни од страшната економска ситуација во земјата , каде што невработеноста е над 44 отсто, пренесе „АФП“.

„Триесет демонстранти и 104 полицајци се примени во текот на денот во итната помош во градот Тузла, каде вчера започнаа протестите. Повеќето повреди се предизвикани од тешки предмети или се воспаление на очите од солзавец“, изјавил портпаролот на болницата во градот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.