Над 15 милиони долари украдени од аеродром во Чиле

Чилеанската полиција води истрага во понеделникот за грабеж на аеродромот крај главниот град Сантијато, каде што засега неидентификувани криминалци украле повеќе од 15 милиони американски долари.

„Меѓу седум и десет лица влегле во магацинот на аеродромот и украле пари од камион на компанија специјализирана за транспорт на скапоцености“, се наведува во извештајот на телевизијата 24 Horas.

Биле ограбени 14 милиони долари и милион евра. Сума која приближно изнесува 13 милијарди чилеански пезоси. Подоцна во на пефиреријата од чилеанската престолнина е пронајден фургон делумно изгорен со лажно лого на компанијата DHL, кое било користено во грабежот.

Криминалците поставиле своевиден рекорд, се забележува, исто така, во прилогот на телевизијата. Имено, во 2014 година крадци успеале да украдат сума од 6 милијарди чилеански пезоси.